Напаѓачот на Реал Мадрид , Карим Бензема синоќа повторно се покажа дека е играч на сеозната во Реал (М) и го постигна победничкиот гол на натпреварот против Севиља во големиот пресврт кој го приредија „кралевите“.
Тоа беше 217. гол на Французинот во Ла Лига во дресот на Реал Мадрид и тој веќе се најде на трето место на листата на најдобрите голгетери во клупската историја, надминувајќи го и легендарниот Алфредо ди Стефано кој има 216 голови.
Рекордер се уште е Кристијано Роналдо со 311 голови, а втор на вечната листа со 228 гола е Раул.
Инаку, Бензема со голот синоќа забележа и личен рекорд во шампионатот на Шпанија. Тој вчера го запиша 25. гол во 28 натпревари оваа сезона во Ла Лига што е негов рекорд во досегашните настапи во шпанската лига.