Во среда со почеток од 16 часот се играат двете полуфиналиња во Купот на Македонија. Во Струга се среќаваат домашната Струга ТЛ и Македонија ЃП. Главен судија на овој меч е Александар Ставрев од Скопје.
Во Битола, на стадионот „Петар Милошевски“, домашниот Пелистер го дочекува Силекс. На овој меч правдата ќе ја дели Игор Стојчевски од Скопје.
Победниците од овие два меча на 20 мај ќе ги одмерат силите во големото финале во Купот на Македонија.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА – 20.04.2022 (16 Ч)
СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП: Александар Ставрев (Скопје)
ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС: Игор Стојчевски (Скопје)