Со голот во 84.минута и тоа од пенал, Иван Тричковски го урна Анортизис. Еден гол за АЕК Ларнака, сосема доволен за победа во плеј-офот во шампионатот на Кипар. Ова е уште еден триумф на тимот од Ларнака, а за тоа да е заслужен Македонецот, инаку капитен и ветеран во составот на АЕК Ларнака.
Да не кажуваме дека Тричко беше стартер и човек на одлука за исходот на овој натпревар, уште еден гол за Македонецот сезонава во кипарскиот шампионат.