Кам-бекот на Бензема во репрезентацијата на Франција почна со промашен пенал! (ВИДЕО)

207

Враќањето на Карим Бензема во дресот на Франција не тргна „подмачкано“. Уште во првиот меч, голгетерот на Реал (М) имаше шанса да ја затресе мрежата на Велс, но не успеа да погоди од белата точка.

Голманот на Велс, Ворд, успеа да му го фати пеналот во 26. минута, па Бензема ќе мора да почека до првиот гол во дресот на „триколорите“, откако последните ги постигна во 2015 година.

 

ПретходноВеспрем претрпе нов удар, овој пат од Пик Сегед
СледноЈуве бара начин да го продаде Шчесни, за да може да потпише со Донарума