Потврда за квалитетот: РФМ и Скопје домаќини на Светско кадетско првенство!

248

Македонската ракометна федерација ќе има исполнет календар ова лето, не само со настапите на сите репрезентативни категории, туку и организациски. По Европското женско првенство, РФМ доби организација на Светско првенство во женска кадетска конкуренција (девојчиња родени до 18 години).

„Женско кадетско Светско првенство требаше да се одржи во Грузија. Но, истото ќе биде одржано во Скопје, останува на крајот на овој месец да се потпише договорот за соработка. Испратени се сите документи, истито ќе се одигра од 30. јули до 10 август во Скопје“, рече генералниот секретар, Филип Милошевски.

Ова е уште еден комплимент како држава и како федерација, потенцираше првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.

„Ова е уште комплимент за нас како држава и како федерација дека водиме гржа за девојчињата. Смета дека од аспект од организаиција не чека сериозна екипираност, на ова првенство ќе учествуваат 32 држави. Ова ќе биде добра шанса за кадетската македонска репрезентација да се прикаже во најдобро светло пред домашната публика. Ова Светско првенство ќе биде нов празник за ракометот. Од друга страна треба да бидеме на ниво на задачата, ќе треба да се вклучат што поголем број на луѓе“, рече Мукаетов. 

ПретходноМукаетов: Спортистите покажаа дека имаат достоинство, нешто што фали во оваа држава!
СледноМукаетов останува на чело на РФМ: Не е време за повлекување, политиката мора да се држи надвор од ракометот и спортот!