Мукаетов останува на чело на РФМ: Не е време за повлекување, политиката мора да се држи надвор од ракометот и спортот!

1231

Живко Мукаетов останува на чело на Ракометната федерација на Македонија. Иако имаше најави дека ќе се повлече од оваа функција пред да заврши неговиот мандат, кој му беше доверен минатата година, сепак првиот човек на македонската „куќа на ракометот“ на денешната седница на Управниот одбор, потврди дека нема да има промени.

Тој ќе остане да се грижи за ракометот во Македонија, особено по успесите во последните два месеци, како и предизвиците кои допрва доаѓаат, а истите се сериозни, како Европско првенство во женска конкуренција, како и најавеното СП во кадетска женска конкуренција.

„Најавив мое евентуално повлекување од позицијата на Ракометната федерација, девет години не е така мал период, од 2013 година па навака, тоа се многу денови и моменти поминати заедно со сите вас. Ви благодарам за соработката, заедно поминавме лоши и добри моменти. Дававме максимум за она што го работевме, дали беше доволно, никогаш не може да се знае. Имаше и разочарувања од одредени резултати, за мене неуспех е тоа што не се пласиравме на Олимпијада, Европското првенство во Загреб, мислам дека таму можевме повеќе. 

Мислам дека не е време за повлекување од функцијата, особено по сите настани во последните два месеци, после оваа енергија која ја имаме во ракометот, како и обврските кои следат, како Европско првенство кое се намачивме да го добиеме, имаме кадетско светско првенство, како и по разговорите со ракометни соработници кои ги почитувам. Моментот не е најповолен за повлекување од функцијата, микслам дека после девет години не е добро да се повлечам по мандатот што го добив повторно од сите заедно. Годинава треба да се носиме со сите предизвици, треба тимски да се бориме за доброто на ракометот, заедно да го постигнаме она што ни е поставено како цел.

Јас стојам на моето мислење и став дека во овој Управен одбор има капацитет, знаеме дека од надвор има мераклии за претседател на федерацијата, исто така мислам дека политиката треба да се држи надвор од ракометот. Сакам да потврдам дека поддржуваме заедно да се носиме со новите предизвици, заедно да се движиме ракометот кон успеси. Да градиме подобри резултати во македонскиот ракомет’, рече Мукаетов. 

ПретходноПотврда за квалитетот: РФМ и Скопје домаќини на Светско кадетско првенство!
СледноПо семејната трагедија: Роналдо вечерва нема да игра со Ливерпул!