Австрија поразена од Англија, Депај ја спаси Холандија од пораз (ВИДЕО)

264

Првиот ривал на Македонија на евроспкото првенство ова лето, селекцијата на Австрија, загуби на гостувањето во Мидлсброу од селекцијата на Англија со 1:0 во денешниот пријателски меч. Единствениот гол за Англија го постигна Сака, во меч во кој „Гордиот Албион“ доминираше во комплетното прво полувреме, но Австрија одигра солидно второ полувреме, па дури и имаше една пречка која лесно можеше да се претвори во израмнување.

 

Холанѓаните се спасија од пораз на мечот со Шкотска благодарение на двата гола на Мемфис Депај. „Лалињата“ кои се наш последен противник во групата, одиграа 2:2 со Шкотска на пријателски меч во Португалија.

Холандскиот селектор направи бројни промени на средбата, а само половина час добија Вајналдум и Де Јонг, кои почнаа како стартери, но ја напиштија играта во 31. минута по договор со селекторот.

ПретходноЈуве бара начин да го продаде Шчесни, за да може да потпише со Донарума
СледноАнчелоти отвори врата за враќање на Бејл во Реал Мадрид