Комисија ќе ги „чешла“ салите: Хигиената во голем дел е застрашувачка!

372

На вчерашната седница на Управниот одбор при РФМ, Комесарот за натпреварување Славе Николов, даде предлог за формирање на Комисија за контрола на салите, истиот беше прифатен од страна на членовите.

По завршување на сезоната сите екипи ќе имаат задача да ги подобрат условите во кои ги играат натпреварите. Ќе имаат грејс период до летото да поработат на овој дел, бидејќи дел од нив не ги исполнуваат основните услови. Во изминатиот период имало голем број на забелешки за греењето, осветлувањето, како и најважно хигиената во истите.

Во оваа комисија покрај Николов, се уште Горан Ѓоргоноски, Јован Филиповски и Васе Цветановски.

„Формирана комсија за сали кои ќе ги проверуваат истите по завршување на сезоната, На екипите ќе им даде гресј-период до летото да ги отсреанат сите недостатоци. Најмногу забелешки има околу греење или осветлувањето“, рече Николов.

Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов е свесен дека на клубовите не им е лесно, но од друга страна мора салаите да ги исполнуваат основните услови.

„Свесни сме дека клубовите куборат со средства, во една ваква економска ситуација, тешко се функционира, но друга страна мора да ги имаат основните услови. Мора да покажеме интерес како Федерација, добро е што комесарот дојде до ваков предлог. Да почне да се работи попосветено, сакаме да ги подобруваме условите и нивото“, рече првиот човек на РФМ.

Голема забелешка имаше и поранешната македонска репрезентативка, Гордана Нацева, која потенцираше дека дел од салите имаат ужасна хигиена, нешто што не смее да се дозволи во иднина.

ПретходноГоразд Михаилов: Силекс не крие, сака финале, ние сме бранители на пехарот…
СледноИрвинг казнет со 50.000 долари, на фановите на екс-тимот им покажа среден прст (ВИДЕО)