Францускиот напаѓач Александар Лаказет е на прагот на заминување од Арсенал. Му истекува договорот и тој нема да го продолжи истиот и ќе оди во друг клуб затоа што сака да игра во Лигата на шампионите. Инаку тој дојде од Лион пред пет години за 53 милиони евра, но не одигра на нивото во Премиер лигата.
Тој е често цел на критики поради слабата реализација, на последните 16 натпревари во Премиер постигнал три гола.
Поранешниот напаѓач на Астон Вила Габриел Агбонлахор кој сега работи како стручен консултант го критикуваше Лаказет.
„Безобразлук! Ако му се игра во Лига на шампионите тогаш нека игра за Партизан или Панатинаикос. Во некој голем клуб сигурно нема да игра затоа што „вол не може да убоде“. Навреда е за Арсенал таа негова смелост во овој момент да зборува за ЛШ додека игра слабо. Да може да даде гол, можеби ќе играше ЛШ со Арсенал“, рече Агбонлахор.
Лаказет нема играно меч од ЛШ од 2017 година.