Претседателот на Шкупи: Во БиХ бев опкружен со лопови, во Македонија работите се поинакви!

9856

Шкупи утре, ако ја победи Ренова, на четири кола до крајот ќе биде шампион на Македонија. По тој повод, босанскиот портал „СпортСпорт.ба“ направи интервју со Олгин Ајдин, претседателот на Шкупи. Бизнисмен од Турција кој имаше свои вложувања пред да дојде на Чаир и во клубови во БиХ, поточно во Челик.

На прашањето зошто успеа во Македонија со Шкупи, а не успеа во БиХ со Челик, Ајдин беше отворен до крај.

Затоа што во БиХ бев опкружен со лопови. Во Шкупи, во Македонија работите се поинакви. Таму се сака фудбалот, таму луѓето прво нешто не гледаат да имаат корист од својот клуб, туку сакаат да му помогнат на Шкупи. Јас отидов таму, им ја претставив мојата идеја и ете успеа. Полека одиме кон целта. Веројатно утре ќе станеме шампиони, но сега треба да мислиме и на тоа како да се претставиме во Европа“ вели Ајдин и продолжува…

Во Македонија јас немам никакви проблеми ниту пак ќе имам затоа што сум од друга националност, странец. Тоа таму не се гледа. Се мери само успехот. Во Македонија не е важно кој ги води клубовите, туку како ги води. Како човек, како клуб ние сакаме да му помогнеме и на македонскиот фудбал генерално. Се надевам дека од властите во Македонија ќе добиеме уште поголема поддршка за нашите проекти. Ние не дојдовме во Македонија, во Шкупи, да профитираме од клубот и парите да го ставиме в џеб. Ние сакаме и имаме мисија клубот да биде во постојан раст“ рече покрај другото првиот човек на идниот шампион на Македонија.

ПретходноСекоја чест за Хрватот: Иван Ракитиќ е ГОЛЕМ човек! (ВИДЕО)
СледноПолувреме во ПМФЛ: “Пандевци“ водат во дербито на истокот, без голови на Арената…