Готово е. Чаир слави. Чаир е во екстаза. Шкупи е шампион. По цели 21 години титулата одново е на Чаир. Тимот на Гоце Седлоски успеа да ја победи Ренова со 2:0 и со тоа да има 13 бода предност пред “пандевци“ на четири кола до крајот.
Тоа значи и официјално Шкупи е првак во 30.сезона во самостојна Македонија во ПМФЛ.
Печат на титулата ставијаАдетунџи со гол во 81.минута за 1:0 и Куевен во 90+6.
Честитки за новиот ШАМПИОН на Македонија.
Речиси 6.500 гледачи ако не и 7.000 слават титула на Чаир.
Шкендија со 3:1 ја победи Македонија ЃП. Добра игра на тетовци, од денеска на бившиот шампион. Дориев со двата гола и Гури успеја да слават голема победа.
За гостите стрелец беше Купер.
Тиквеш уште еднаш одличен. Просто го згази Борец со 5:0. Одлилчен настап на четата на Влатко Костов.
Струга Трим Лум и тоа како се врати по поразот од Македонија ЃП во полуфиналето во Купот. Дееска стружани со 4:0 просто го “торпедираа“ Пелистерм и тоа со двата гола на Џобе, а потоа и со головите на Бојку и Кочоски.
Вчера Работнички дома загуби од Скопје со 0:1, додека А. Пандев со 2:1 славеше против Брегалница.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 29.КОЛО
ШКУПИ – РЕНОВА 2:0
(Адетунџи 81./Куевен 90+6.)
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 3:1
(Дориев 17., 68., Гури 20./Купер 77.)
СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР 4:0
(Џобе 16., 42., Бојку 58., Кочоски 65.,/)
ТИКВЕШ – БОРЕЦ 5:0
(Лазаров 19., 31., Ивановски 59., Љамчевски (п) 73.,Мишов 79 /)
ВЧЕРА:
РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 0:1
А.ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА 2:1