Верстапен го доби спринтот во Имола, Леклер заврши втор

90

Светскиот шампуион Макс Верстапен е победник на денешната трка во спринт на патеката „Имола“. На овој начин Холанѓанецот ја обезбеди својата прва стартна позиција за утрешната трка на која триумфираше минатата година.

Верстапен имаше лош старт откако го загуби првото место од лидерот во светскиот шампионат, Шарл Леклер.

На Холанѓанецот му требаа три напади со ДРС на две круга пред крајот за да го престигне противникот со одлично минување на надворешната страна на шиканата. И покрај неговите многу истрошени гуми, Леклер го задржа второто место и додаде седум нови поени во генералниот пласман.

Трет на стартот утре ќе биде вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез, кој и покрај тоа што стартуваше седми, заврши само 1,7 секунди зад Леклер.

ПретходноЧаир грми: ШАМПИОНИ, ШАМПИОНИ….(ВИДЕО)
СледноЗАПАД: Воска со “шестка“ во Тетово, победија и Вардар и Силекс