ЗАПАД: Воска со “шестка“ во Тетово, победија и Вардар и Силекс

1453

Воска среде Тетово со 0:6 успеа да го победи Тетекс и со тоа да освои три златни бода во битката за второто место во ВМФЛ – ЗАПАД. Овој меч беше последната шанса за надеж на Вардар, кој исто победи, но со 1:0 и тоа против Кораби.

Сега се чини дека се е готово, На три кола до крајот четата на Раде Цицмиловиќ ја задржа таа предност од 6 бодови.

Силекс исто се чини дека стави печат на пласманот во ПМФЛ со таа победа кај Гостивар, додека Охрид со 2:3 славеше на гостувањето кај Велешта.

Кораби исто како гостин славеше кај Кадино со 0:6.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 24.КОЛО

ВАРДАР – БЕСА 1:0

ТЕТЕКС – ВОСКА 0:6

ГОСТИВАР – СИЛЕКС 0:2

КАДИНО – КОРАБИ 0:6

ВЕЛЕШТА – ОХРИД 2:3

ТАБЕЛА

Силекс 62, Воска 55, Вардар 49, Тетекс 35, Гостивар 29, Кораби 26, Охрид 26, Велешта 17, Кадино 6

ПретходноВерстапен го доби спринтот во Имола, Леклер заврши втор
СледноИСТОК: Виничко славје во Кочани, нови бодови и за Победа и Беласица, Кожуф броеше до седум