Сити си поигруваше со Ватфорд, Жезус со “четворка“! (ВИДЕО)

68

Каков меч на Жезус, можеби меч на кариерата за Бразилецот во дресот на Манчестер Сити. Попладнево неговиот тим на „Итихад“ со 5:1 го “сомле“ Ватфорд во меч од 34.коло во Премиер – лигата, Жезус постигна дури четири голови. Петтиот беше дело на Родри, додека за гостите стрелец беше Камара кој успеа само да намали на 2:1 и со тоа да разлути момците на Пеп Гвардиола за да на крајот биде 5:1.

Лестер и Астон Вила одиграа 0:0, додека Њукасл како гостин со 0:3 славеше кај Норвич.

 

ПретходноСедло е човек – ТИТУЛА: Ова е новиот првак, ова е ШКУПИ!
СледноСедлоски: Покажавме дека сме најдобри, честитки за сите во Шкупи и за нашите фанови!