Интернационалецот Стефан Коцев ја заврши својата авантура во косовскиот лигаш A&N. Со одличен биланс од 5 постигнати голови и седум асистенции, крилниот играч заминува од амбициозниот клуб кој не успеа да обезбеди пласман во ранг погоре.
Сега Коцев може да бира каде ќе ја продолжи кариерата, а има домашни и интернационални понуди.
„Сакам најпрво да одморам па ќе разгледам се што ми се нуди како опција во моментов“ – ни изјави Коцев.