МЗТ Скопје со Војдан Стојановски против Еуро Никел

139

Актуелниот македонски првак и единствен наш претставник во АБА-лига следата сезона денеска (18 часот) на домашен терен ќе ја бара првата победа во Супер-лигата. МЗТ Скопје е домаќин на Еуро Никел, ова ќе биде шанса да се издигне тимот по поразот од ТФТ во минатото коло.

Александар Петровиќ на оваа средба на располагање ќе го има македонскиот репрезентативец, Војдан Стојановски, кој не можеше да му помогне на тимот на дуелот во „Кале“.

Бодовите за МЗТ Скопје значат во здржување на второто место и за напад на врвот, кој му припаѓа на Еуро Никел.

На другата страна кавадарчани иако не се фаворити, сепак доаѓаат по целиот плен. Во минатото коло пред своите фанови убедливо го совладаа Гостивар. Оваа сезона немаат победа во „Јане Сандански“, двата меча завршија на сметка на актуелниот првак.

Еуро Никел се бори за четвртото место на табелата, има 38 бода исто колку и ТФТ, но и меч помалку. Па токму затоа ќе се обиде да го изненади МЗТ Скопје на гостински терен.

ПретходноПокетино ќе добие вистинско богатство, газдите во Доха го одбраа новиот тренер!
СледноМбапе донел одлука – познато е кога ќе ја соопшти