И тоа го има во Германија: Големи нереди, ранети полицајци…се славеше пласман во 2.Бундеслига! (ВИДЕО)

1536

Некогаш, во Источна Германија, беше синоним за фудбал, веројатно најгoлемиот клуб во државата која сега ја нема. Во заедничка Германија не можеше да се снајде, тавореше на дното на германскиот фудбал, а дека има фанови и тоа како, доказ е она што вчера и синоќа се случи на стадионот на Магдебург и истоимениот град.

Со победата над Цвикау, тимот на Магдебург и официјално избори пласман во 2.Бундеслига, а фановите од радост просто “полудеа“ и испија тони и тони пиво. Потоа

избија прво нереди на самиот стадион при прославата, за да потоа тие се проширија во центарот на градот. На нив имаше и неколку ранети и повредени полицајци.

Се употребуваа од страна на органите на редот и водени топови, имаше огномет, фрлање на шишиња и камења по полицајците, запаливи средста. Беше навистина страшно.

Ете и Германија не е тоа што беше.

Барем не во поглед на својата дисциплина.

ПретходноЕден месец потоа: УЕФА потсети на херојскиот потег на Џани во Палермо! (ВИДЕО)
СледноПреполна трибина во Кавадарци: Вака се сака Тиквеш! (ФОТОГАЛЕРИЈА)