„Рисовите“ одработија пред Казахстан (Фотогалерија)

315

Македонската фудбалска репрезентација утринава го одработи тренингот, последен пред утрешниот пријателски натпревар против Казахстан на домашен терен. Мечот се игра на Ареата Тодор Проески со почеток од 18:00 часот, а идентично како и на мечот против Словенија, ќе биде дозволено да присуствува и публика.

Што се однесува до нашиот состав, селекторот Ангеловски на денешната официјална прес конференција изјави дека ќе комбинира, и дека ќе даде шанса на некои репрезентативци кои во принцип се во втор план, и дека ќе одмори некои од стандардните првотимци. Секако дека тоа е потребно, не се знае никогаш кој во кој момент ќе му затреба и ќе биде потребно да помогне.

 

ПретходноЧеферин: Од есен веројатно ќе имаме полни стадиони
СледноЃуроски одличен, Аликанте поразен