Раководните труктури на претстојниот Гренд Слем турнир и неофицијалното светско тениско првенство Вимблдон денеска и официјално објавија дека бранителот на титулата од минатата сезона, србинот, Новак Ѓоковиќ ќе добие дозвола да настапи на овогодинешното издание и покрај неговиот сеуште постоечки став, да не биде вакциниран од Ковид 19.
Оваа одлука е донесена непосредно пред стартот на турнирот, за да има време Ѓоковиќ и воедно да се подготви, и да се даде до знаење дека нема да ги има истите проблеми какви што ги имаше во Австралија, при обидот да влезе во оваа земја и да настапи на Австралија Опен.
Идентичо како и на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ доби дозвола да настапи и на претстојниот Ролан Гарос.