Првенството на Украина официјално прекинато, познат е и новиот шампион

247

Фудбалското првенство на Украина за сезоната 2021/22 официјално е прекинато. Шампионатот беше прекинат на 24 февруари кога Русија ја нападна Украина, но бидејќи војната се уште трае нема надеж дека таа ќе заврши во брзо време, па раководните луѓе се согласија да стават крај на првенството.

За конечниот пласман се зема подредувањето на клубовите до 24 февруари. За шампион е прогласен Шахтјор Доњецк кој по 18 кола имаше 47 бодови, на второто место остана Динамо Киев со 45, а трет Дњипро со 40, а по него Зарја со 36 бода.
Дополнително, формирана е работна група која ќе ги разгледува и обработува прашањата за почетокот на новата сезона на Украинската професионална лига (УПЛ). Сепак, сите овие одлуки мора да бидат потврдени од Извршниот комитет на Украинскиот фудбалски сојуз.

Украинскиот фудбалски сојуз треба да одлучи и за учество во европските клупски турнири. Пред речиси две недели, претседателот на УЕФА Александар Чеферин го увери Сергеј Палкин од Шахтјор (Доњецк) дека ако е можно, украинските тимови ќе играат на турнирите во лето.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноНадал го потврди настапот во Мадрид, а Федерер во родниот Базел
СледноСедлоска ќе и ја одреди судбината на Македонија на ЕП