Сашко Дуков следната сезона ќе го предводи нападот на тимот на Силекс. Екипата која како воторолигаш ќе не претставува во фудбалска Европа ова лето, со освојувањето на националниот куп, прави сериозна реконструкција на составот по релегацијата.
Прв кој му пристапува на второлигашот од Кратово е досегашниот играч на Каменица Саса, Сашко Дуков кој сезонава постигна 13 гола.
Секако, претходно објавивме дека Горазд Михаилов е нов шеф на стручен штаб, а со клубот ќе директорува Стевица Ристиќ.