УЕФА и Европол заеднички ќе „ловат“ местачи на натпревари

156

УЕФА и Европол најавија почеток на соработка. Главната цел на соработката меѓу организациите ќе биде да се најдат нови начини за борба против корупцијата и местењето натпревари.

„Организираниот криминал брзо сфати дека многу клубови трпат финансиски загуби поради пандемијата со Ковид-19. А кога има помалку пари, играчите, тренерите, судиите, па дури и клупските функционери стануваат поранливи на махинациите на организаторите на местење натпревари“, рече Буркхард Мил, директор на Европскиот центар за финансиски и економски криминал (EFECC).

Останува вос ледниот период УЕФА да седне на маса со Европол за изготвување проект за следење на сомнителни натпревари.

ПретходноАлкалоид и официјално го потврди местото во Супер-лигата
СледноАнадолу Ефес на победа до пласман на Ф4 турнирот