Кошаркарите на Анадолу Ефес славеа на домашен терен против Олимпија Милано со резултат 77:65 во третиот натпревар од четвртфиналето на плеј-офот во Евролигата.
По една победа за двата тима на првите два меча во Милано, вечерва на првиот домашен меч Анадолу успеа да ја поведе серијата со 2:1 во партии и да дојде на меч до Ф4 турнирот во Белград.
Српскиот репрезентативец Мициќ беше најефикасен со 20 поени, Тибор Плејс постигна 17, а Шејн Ларкин 16 поени. Во редовите на Олимпија Милано 16 поени постигна Девон Хол, а 11 Џеријан Грант.