Газдата на ПСЖ на состанок со мајката на Мбапе

163

Иако се почесто се пишува дека Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ и ќе го облече дресот на Реал Мадрид, во таборот на францускиот шампион се надеваат дека би можел да остане.

Британските медиуми пишуваат дека мајката на 23-годишниот фудбалер, Фајза Ламари, која инаку го застапува, во Катар имала состанок со првиот човек на клубот, Насер Ал-Келаифи. Според „Телеграф“ состанокот поминал добро.

ПСЖ се обидува да го убеди Мбапе на нов двегодишен договор, но Реал Мадрид истовремено е подготвен да го направи најплатен игра во својата историја.

Останува да видиме што ќе одлучи францускиот репрезентативец, кој своите планови ќе ги соопшти после 21. мај, кога завршува сезоната.

ПретходноНе помогна бруталната партија на Јокиќ: Голден стејт го елиминираше Денвер (ВИДЕО)
СледноГо шокираше Интер, па испрати порака до Милан: Можеби ќе ме земат да играм во Лига на шампиони!