Крис Пол не промашува: Рекорд во плеј-офот – 14 шута, 14 коша (ВИДЕО)

124

Ѕвездата на Феникс Санс, Крис Пол, постави рекордот во плејофот во НБА лигата за најмногу погодоци без промашување. Во шестиот натпревар од серијата од првото коло на плеј-офот на Западот, Пол на дуелот со Њу Орлеанс (115:109) упати 14 удари од поле, погодувајќи ги сите и забележувајќи 33 поени.

Така кошаркарите на Санс се пласираа во полуфиналето на Западната конференција, а Пол потврди дека се наоѓа во неверојатна форма. За пласман во конференциското финале, Феникс ќе игра со Далас.

ПретходноЧелзи до понеделник ќе има нов сопственик: Трите понуди ги минаа сите „филтри“
СледноЕлмас се врати на тренинг, подготвен е за дуелот со Сасуоло