Официјално: Рангник е нов селектор на Австрија но останува дел од Јунајтед

91

Сегашниот вршител на должност менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник во иднина ќе биде селектор на репрезентацијата на Австрија. Сега тоа е и официјално откако федерацијата ја потврди соработката.

Во исто време, Рангник ќе остане дел од тимот на Манчестер Јунајтед, но не како менаџер, кое што место ќе го заземе Ерик Тен Хаг, туку на местото консултант, односно советник.

 

ПретходноЕ.Пелистер и Вардар в недела пред полни трибини
СледноНовинарите одбраа, Салах е најдобар сезонава во Премиер лигата