По еуфоријата во Битола: Е. Пелистер во пресрет на мега – дербито со Вардар “избега“ во Струга!

2091

Битола е во ракометна еуфорија, сиот град едвај чека да дојде недела и 19 часот кога пред преполната сала “Боро Чурлевски“ ќе започне мега – дербито меѓу Е. Пелистер и Вардар. Билети веќе нема ни за лек, а се знае и зошто. Сите сакаат во живо да го проследат натпреварот меѓу двете наши најдобри ракометни екипи кој ќе решава за титулата.

Битола одамна не може да се пофали со шампион на Македонија во некој екипен спорт, па се чини дека сега е моментот.

А некогаш еуфоријата знае да биде и меч со две острици што се вели, па така стручниот штаб на битолчани на чело со Жељко Бабиќ, одлучи екипата да “избега“ во Струга, каде од денес па се до недела во хотелот “Дрим“ ќе биде во карантин, се со цел во една мирна и релаксирана атмосфера го дочека мега – дербито со Вардар во кое ќе се решава сезоната.

ПретходноКлубот на Бекам доби дозвола за изградба на ултра модерен стадион во Мајами! (ВИДЕО)
СледноПознат е новиот сопственик на Челзи