Гоце Георгиевски откри каков договор имале пред мечот во Битола

3635

Гоце Георгиевски со три гола учествуваше во победата на Вардар против Е.Пелистер (23-26) вредна нова титула. Искусниот македонски репрезентативец е пресреќен што неговиот тим успеа да дојде до голем триумф на жешкиот терен во Битола.

По завршување на мечот тој откри ситни детали. Вардарци имале договор, кој максимално го испочитуваа. Беа големи кога губеа, беа и стабилни кога пред самиот крај одново дојдоа до голема позитива, која ја сочуваа за голема радост.

„Немаше многу што да смениме во стилот на игра. Пред мечот се договоривме колку и да губиме да останеме со ладни глави, да покажеме карактер и да се вратиме во мечот. И да губиме и да водиме да останеме со кренати глави, тоа и го направивме. Неверојатно е да победиш пред ваква публика, секој би сакал да вака да игра. Ни остануват уште три кола до крајот, треба да ги одиграме за да го подигнеме пехарот“, ни изјави Гоце по мечот. 

Вардар до крајот на сезоната ќе игра против Е.Пелистер 2 на домашен терен, Бутел Скопје на гости и против Тиквеш во СЦ „Јане Сандански“.

ПретходноТомпсон ја реши драмата, Голден Стејт поведе со 1-0 (ВИДЕО)
СледноДва клуба од Ла Лига не му ја честитаа титулата на Реал Мадрид