Голден Стејт по голема драма славеше на дуелот против Мемфис со 117:116 и поведе со 1-0 во полуфиналната серија во плеј-офот.
Вориорс се вратија од негатива од 13 поени и меч на кој темпото го диктираше противникот. Добрата игра во последната четвртина им донесе водство од 103-93, кое не беше доволно за да дојдат до мирна завршница. Клеј Томпсон постигна важна тројка за својот тим, а потоа промаши две слободни фралања, на голема среќа на другата страна Мемфис не успеа да го врати ударот.
Џордан Пул постигна 31 поен, Стеф Кари беше стрелец на 24 поени, додека Томпсон беше стрелец на 15 поени. На другата страна Џа Морант постигна 34 поени, девет скока и десет асистенции, недоволни за триумф.