Трите чекори кои Вардар 1961 треба да ги направи за да го подигне пехарот!

1629

Вардар 1961 му се реваншираше на најголемиот конкурент за титулата оваа сезона Е.Пелистер за поразот во Скопје. Давид Дејвис и неговите избраници од Битола си заминаа со целиот плен, славеа со 23-26 и го добија најважниот дуел за одбрана на тронот.

Ракометарите на Вардар 1961 на жешкиот терен во салата „Боро Чурлевски“ испратија силна порака – за титула треба многу повеќе дела отколку зборови. Тивко без „бомбастични“ најави дојдоа и ја одработија задачата. Ги оставија битолчани да сонуваат за титулата, која последен пат ја освоија пред 17 години.

До пехарот број 15. во својата историја, „црвено-црните“ ги делат уште три чекори, три меча до крајот на оваа сезона.

Првиот чекор е веќе ова коло, во Скопје гостува вториот тим на Е.Пелистер. Еднаш младиот битолски тим успеа да слави, но сигурно реприза нема да има, особено ако се земе во предвид дека Вардар 1961 нема право на грешка.

По оваа средба актуелниот македонски првак е гостин на Бутел Скопје, уште еден незгоден противник, додека во последното коло кога и треба да ја подигнат титулата, ракометарите на Вардар се домаќини на Тиквеш.

Во меѓувреме Дејвис и неговите момци ќе се обидат да освојат уште еден пехар, а тоа е Купот на Македонија. Ако се водиме според сезоната, во финалето треба да ги вкрстат копјата со Е.Пелистер. Ова натпреварување ќе се игра во Кавадарци од 13. до 15. мај. Вардарци играат со вториот тим на Битола, додека Е.Пелистер со Бутел Скопје.

ПретходноЕмоции на „Олд Трафорд“ – во главна улога Кристијано Роналдо (ВИДЕО)
СледноСе вклучи алармот: Стана најплатен тренер, сега може да остане без работа!