„Фуријата“ не пречекува во Сарагоса

87

Квалификацискиот меч од тековната кампања за пласман на Светскиот куп, кој го играме со репрезентацијата на Шпанија, ќе го одиграме во Сарагоса. Оваа информација ја пренесува КФСМ, додавајќи уште неколку детали околу самиот меч.

Натпреварот од 5. коло од квалификациите ќе се игра на 1. јули во Сарагоса, во Павиљонот „Принц Фелипе“, домот на членот на АЦБ лигата, Касадемонт Сарагоса.

Салата е со капацитет над 10.000 гледачи, и е модерен објект во кој ќе има топ услови.

 

ПретходноАнчелоти: По овој успех со Реал ќе се пензионирам
СледноФабио Карваљо е нов играч на Ливерпул