Секс-скандал во ФИФА: Судијки морале да легнат во кревет за да добијат добри натпревари за судење

6507

Истражувачкиот репортер на „Гардијан“, „Си-Ен-Ен“ и „Би-Би-Си“, Роман Молина излезе во јавноста со обвинувања за систематска сексуална злоупотреба извршена од челници на ФИФА од зоната КОНКАКАФ!

Тој наведува дека челниците повеќе од една деценија бараат „сексуални услуги“ за возврат да им доделат важни меѓународни натпревари на фудбалски судијки!

Иако гласините за овој проблем се појавија пред една година, ФИФА не суспендираше ниту еден од своите челници. Единствено го смени главниот човек за делегирање судии во оваа зона, Роналд Гутиерез, под изговор дека на организацијата и се потребни помлади сили.

„Тоа беше јавна тајна и не ми кажувајте дека само тој добивал девојки од официјални лица на ФИФА“, пишува Молина од свои извори од Фудбалскиот сојуз на Хаити, земја во која веќе е докажано дека имало сексуална злоупотреба.

Гутиерез е поранешен судија, а по 2000 година, кога се пензионираше, стана висок функционер во КОНКАКАФ, а сега е поврзан и со поранешниот претседател на ФС на Хаити, Ив Жан Барт, кој е доживотно суспендиран од фудбалот поради сексуални престапи, вклучително и секс со малолетници.

Молина ексклузивно откри дека некои од судијките морале да имаат секс со Роналдо Гутиерез за да добијат лиценци!

„Тие се шегуваа за тоа и се гордееа со тоа. Им кажаа на другите судии на ФИФА дека девојките останаа во контакт со нив за да ги олеснат процедурите за силни натпревари во иднина“, велат изворите на Роман Молина.

Една од жените кои суделе на турир во Гватемала ја раскажа својата приказна за скандалот.

„Јас го судев тој турнир. Знам како функционира системот таму и тоа ми се случи. Еден колега ме повика заедно да го гледаме филмот „Аватар“, а кога отидов таму и ја отворив вратата Роналд Гутиерез беше гол на креветот со судија од Панама. Тогаш двајцата ме поканија да им се придружам во креветот. Ја треснав вратата и заминав“, рече таа.

Подоцна изјавила дека поради одбивањето на сексуалните услуги, што од неа неколку пати било побарано, нејзината кариера настрадала и дека поради тоа никогаш не отишла да суди на големо натпреварување.

ПретходноЃорческа ја мина првата пречка на ИТФ турнирот во Копер
СледноТраоре во јуни ја напушта Барселона и се враќа на Островот