Барселона-Реал е првото полуфинале во Евролигата

197

Барселона го победи Баерн со 81:72 како домаќин во петтиот меч од четвртфиналната серија во Евролигата и на тој начин избори пласман на Фајнал форот во Белград. „Каталонците“ на крајот славеа со 3:2 во серијата и се пласира на Ф4, а во полуфиналето ќе игра против големиот ривал Реал Мадрид.

Барселона која е сребрена од минатата сезона, последен пат ја освои Евролигата во 2010 година, а Баерн одново не успеа да стигне до топ 4. Во другото полуфинале во Белград ќе се соочат актуелниот шампион Анадолу Ефес од Турција и победникот од серијата помеѓу Олимпијакос и Монако, кои утре ќе го играат петтиот дуел.

 

 

ПретходноИ Борнмут се врати во Премиер лигата
СледноЧудесниот Ливерпул од амбисот до победа за ново финале во ЛШ (видео)