Екипата на Ливерпул избори пласман во финалето на Лигата на шампионите откако славеше вечерва со 3:2 на гостувањето кај Виљареал во реваншот од полуфиналето. „Црвените“ допатуваа со предност од два гола (2:0), а уште по првото полувреме на „Де ла Керамика“ губеа со 2:0.
Момците на Унаи Емери го растурија англискиот тим во првиот дел, го притиснаа, го пореметија и му дадоа два гола. Диа и Кокелин стрелаа на асистенции на Капуе.
Но во вториот дел поинаква песна. Се разбудија момците на Јирген Клоп. Во 62. минута Фабињо ја затресе мрежата на домашните, а пет минути подоцна и Лукас Диаз се запиша во листата на стрелци и ги замолкна навивачите во жолто на трибините.
Демотивирани играчите на Емери не можеа да направат ново чудо. Гостите од Англија во 74. минута уште еднаш погодија за конечна победа. Садио Мане ја затресе мрежата за триумф од 3:2.
Ливерпул е во финале, а ќе го чека подобриот од дуелот Реал Мадрид и Манчестер Сити кој се игра во среда. Да потсетиме на првиот меч Сити победи со 4:3.