Ливерпул во реванш полуфиналниот меч против Виљареал на полувремето губеше со 2-0, но до крајот постигна три гола и обезбеди финале во Лигата на шампиони, каде ќе игра против подобриот од вечерашната премсметка меѓу Сити и Реал.
„Сакавме уште почетокот на победиме, на момците пред натпреварот им кажав дека по звршување на истиот сакам да прочитам наслов дека во градот има ментални чудовишта. Но, сега е различно, бидејќи бевме притиснати во првото полувреме, додека во второто се вративме“, изјави по мечот Јирген Клоп, кој додаде:
„Навистина беше неверојатно. Шпански би значело монструозен менатлитет, ние такви бевме во второто полувреме“.
Клоп на полувремето го замени Јота со Дијаз, потенцираше дека проблемот не е кај еден фудбалер.
„Јота не беше проблем. Имавме 11 проблеми во првото полувреме. Ни требаше свеж играч. Сакав Салах и Мане да ги ставиме повисоко и пошироко. Не бевме свои во првото полувреме, но на крајот бевме“, изјави Клоп.