Надал преку Кецмановиќ до 1/8 финалето во Мадрид

54

Шпанскиот ветеран Рафаел Надал го совлада српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ со 2:0 (6:1 и 7:6) и се пласира во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид.

Инаку ова е втора победа на Надал над Кецмановиќ по онаа во Акапулко во февруари 2020 година.

А во осминафиналето Надал ќе се соочи со Давид Гофин кој беше подобар од Ван де Зандшулп.

Во осминафиналето ќе играат Новак Ѓоковиќ против Енди Мареј. Душан Лајовиќ ќе се сретне со Полјакот Хуркач, потоа Нори против Алкараз, Рублев против Еванс, а другите двојки ќе бидат познати вечерва по одигрувањето на сите мечеви од шеснаесетфиналето.

ПретходноРаботнички и официјално го “спакува“ Борец во втора лига, дефинитивно Тиквеш и Скопје во бараж…
СледноСекунди го делеа шампионот од триумф, Ѓорче слави голем бод… (ФОТОГАЛЕРИЈА)