И Меси со свој коментар за мечот во Мадрид: Ова не може да биде вистина!

717

Реал Мадрид во меч за кој долго време ќе се зборува го совлада Манчестер Сити со 3-1 и се пласираше во финалето на Лигата на шампиони.

„Кралевите“ беа на колена, но потоа се случи голем пресврт и гол за продолжение, а потоа финале со Ливерпул.

Серхио Агуеро го коментираше мечот во живо на ЕСПН, во свој коментар имаше и Лионел Меси.

„Престани да се шегуваш, ова не може да биде вистина“, порача Меси.

Агуеро ја прочита оваа порака и многумина насмеа.

Навивачите на Реал се во транс, исто и фудбалерите и Карло Анчелоти, кој едноставно не знае како да им се заблагодари на момците за одличната игра оваа сезона и за неверојатната атмосфера.

Финалето се игра во Париз на 28. мај.

ПретходноИталијанецот е неверојатен: Анчелоти откри мала тајна!
СледноЛука Дончиќ повторно осамен во поразот на Далас: Мајами и Феникс до 2-0 (ВИДЕО)