Предводникот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, на седницата на Управниот одбор даде извештај за остварените резултати во квалификациите за ЕП 2022 година.
„Сакам да се заблагодарам на сите во РФМ за поддршката, тоа е нашата најуспешна репрезентација во нашата земја. Сакам сите да ги пофалам сите за успешно спроведената сезона. Честитики до Николов, но имам забелешка. Место да ни олесни, на првата средба меѓу Нант и Веспрем да заврши девет разлика. Секако се шегувам.
Победата против Швајцарија е многу вредна. Иако за нас немаше голема важност, истата од јавноста беше доведена под знак прашалник. Им ги затворивме устите на сите кои се сомневаа во нас. Што се однесува до Данска, целосно ја заслуживме победата на домашен терен. Против Финска покажавме карактер.
Овој циклус го завршивме повеќе од заслужено, за првпат освоивме десет бода. Единсвен пораз беше против Данска. Стратегиски, знаејќи ја нашата ситуација, одлучивме да им дадеме шанса да младите играчи, да видиме што можат да направат против олимписки шампион на домашен терен“, рече Лазаров.
Кире потенцира дека мора да се гази цврсто на земја и да се работи со голема претпазливост.
„Не очекува ЕП, треба да останеме црвсто на земја, да работиме претпазливо да не се залетуваме. Сите репрезентации грабат напред, дури оние кои не се познати. Мора да одиме чекор по чекор, да направиме промена на генерација, без да го изгубиме континуитетот на учества на големите натпреварувања, што за мене е од фундаметално значење“.
За развој на македонскиот репрезентативен ракомет најважни се младинските лиги и секако репрезентации. Ова лето Кире и неговите соработници ќе имаат сериозен испит, во август Македонија е домаќин на младинското првенство со генерација 2002 година.
„Честитики до РФМ што одлучи да се играат младинските лиги. Мора да ги засукаме ракавите, да работиме посветено, да ги вратиме младинските селекции онаму каде што се. Многу е важно да бидат дел на големите натпреварувања, јас заедно со мојот тим, генерацијата 2002 година мора да ја пласираме на големите натпреварувања. Задоволен сум од новоформираниот стручен таб. Важни личности, од нив треба да создадеме квалитетн стручен кадар да бидат добри учители во нашиот ракомет“, додаде Кире.