Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски со својата Трнава го освои Купот на Слаовачка. Мечот се одигра на стадионот „Техелне поле“ во Братислава, а противник на Трнава беше Слован од Братислава.
Ристовски ги одигра сите 120 минути за „црвено-црните“ кои победија со 2:1 по продолженијата. Во регуларниот дел беше 1:1, а во 114. минута Азеведо му донесе триумф на Трнава.
Ова е седми трофеј од Купот за Трнава од осамостојувањето на Словачка. Претходно има и пет трофеи од Купот во рамките на поранешна Чехословачка.