Сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито сака да го забрза процесот на преговори со тренерот на тимот Маурицио Сари за тој да го потпише новиот договор пред завршувањето на сезоната. Сепак, како што пишуваат италијанските медиуми, Сари се уште стои на ставот дека за да остане во Рим му се потребни нови засилувања.
Без побараните летни засилувања, Сари му рекол и на Лотито дека нема да остане во Рим. Засега ниту едно од неговите барања не е исполнето, па ниту она за кое се сметаше дека е сигурна работа, а тоа е доведувањето на Ромањоли од Милан.
Приоритет на Сари е да го види техничкиот проект и реалните перспективи на пазарот, но тренерот стравува дека ќе биде невозможно да се направи нешто спектакуларно ова лето, за толку кратко време. Затоа и неговото останување во Лацио е под голем знак прашалник.