Анте Жижиќ се онесвести на дуелот меѓу неговиот Макаби Тел Авив и Хапоел во рамките изралескиот шампионат. Соиграчот Еванс ненамерно го удри со рака во глава, по што хрватскиот кошаркар падна, ја удри главата и се онесвести.
Жижиќ го „голтна“ јазико и остана без воздух, мечот веднаш беше прекинат, а лекарите успеаја да му го извлечат јазикот и веднаш беше префрлен во болница. Според хрватските медиуми пишуваат дека тој е добро и веднаш чим дошол при свест прашал за својот тим, поточно колку е резултатот на мечот. Макаби после две продолженија беше совладан со 123-114.
Кошаркарот е во добра здравствена состојба, снимките покажале дека нема ништо, а во болница најверојатно ќе остане до денеска, по што ќе оди на домашно лекување.