Плзен е новиот шампион на Чешка!

184

Екипата на Плзен денеска ја освои својата шеста титула во Чешка. На едно коло до крајот, овој тим и дефинитивно стави “печат“ на круната откако денеска во претпоследното коло славеше на гости кај Храдец со 0:2, додека единствениот конкурент, тимот на Славија Прага ремизираше со 1:1 кај Острава. Па така сега во пресрет на неделното последно коло, екипата на Плзен има четири бода предност пред Славија Прага и со тоа и дефинитивно е шампион на својата земја.

Викторија Плзен по четири години пауза одново е шампион со што го урна приматот на Славија Прага која беше првак на Чешка во последните три сезони.

ПретходноПартизан и Ц. Звезда се пласираа во финалето на Купот, а нивните навивачи се испотепаа!
СледноЃорче се “загрева“ за финалето на Купот со билборди! (ФОТО)