ДОГОВОРЕНО: Одбојкарите на 18 и 19 мај ќе „тестираат“ против Албанија

185

Македонската одбојкарска репрезентација ќе има две официјални проверки пред почетокот на настапите на Европската сребрена лига 2022. Она што го најавивме минатата недела, денеска е потврдено.

Нашиот национален одбојкарски тим под раководство на новиот селектор Ратко Павличевиќ на 18 и 19 мај во Маврово ќе одигра две пријателски средби со соодветната репрезентација на Албанија.

„Албанците потврдија. На 17 мај доаѓаат во Маврово, а на 18 и 19 мај ќе одиграме две пријателски средби со нив. Тоа ќе биде добра можност за новиот селектор да направи првична контрола на формата пред мечот со БиХ“, ни потврди генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ.

Македонија од 4 мај е на подготовки во Маврово каде се подготвува тактиката за премиерните дуели во првата фаза од натпреварувањето кои почнуваат на 25 мај со мечот во Скопје против Босна и Херцеговина.

ПретходноХрватот Клафуриќ седнува на клупата на Шкендија!?
СледноКако гром од ведро небо: Сузуки утрово најави дека го напушта Мото ГП