Медведев врза три победи на Ролан Гарос, а претходно немаше ниту една

173

Рускиот тенисер Данил Медведев продолжува да демонстрира добра форма на Ролан Гарос. Тој денеска го совлада Опелка со 3:0 во сетови и со тоа стигна до третата едноподруго победа оваа година на Францускиот Опен по оние над Паул и Бублик во првите две кола.

Медведев претходните години немаше ниту една победа на Ролан Гарос, а сега врза три и си ги зголеми шансите за висок пласман. Русинот во осминафиналето ќе го чека подобриот од мечот Џирон-Гарин.

Во осминафиналето влегоа уште Делбонис со победата над Фоњини (3:0 во сетови), потоа Нишикори, Зверев, Карено-Буста и Давидович Фокина.

Во женскиот дел, Пављученкова, Рибакина, Зиданшек, Азаренка, Серена Вилијамс се пласираа во осминафиналето. Серена во таа фаза ќе игра против Рибакина од Казахстан.

ПретходноНишто од Милан, Жиру потпиша нов договор со Челзи
СледноЗлатан се замисли: Можеби треба пореално да ги гледам работите