Денеска во салата „Јасмин“ во Кавадарци на програмата се полуфиналните пресметки во женска конкуренција во Купот на Македонија. Улогата на бранител ја имаат ракометарките на Куманово, кои во првото полуфинале ќе ги одмерат силите со Металург, мечот е закажан со почеток во 14 часот.
Во второто полуфинале ќе се сретнат екипите на Ѓорче Петрови и Чаир, мечот почнува во 17 часот.
https://www.youtube.com/watch?v=tOASJCZmt_E
Инаку најтрофеен тим е Кометал ЃП има 16 титули, Вардар има освоено шест, Металург четири, додека Куманово, актуелниот бранител оди по третата Куп-титула.