Ракометарките на Ѓорче Петров си закажаа Куп-финале со Металург

107

Екипата на Ѓорче Петров обезбедија финале во Купот на Македонија во женска конкуренција, каде за противник ќе го имаат тимот на Металург. Во полуфиналето избраничките на Симе Симовски го совладаа Чаир со 28-32 (12-14).

Ѓорчепеторвки беа апсолутен фаворит на оваа средба, постојано го имаа водството, на одморот заминаа со позитива од два гола (12-14), иако истата беше поголема во овој дел од мечот.

Во вториот дел не се промени ништо, Ѓроче Петров ја имаше контролата, дојде на двоцифрени 20-30, по што се опушти. На другата страна ракометарките на Чаир го искористија овој момент со серија од 1-8 дојдоа на 28-31, но ниту имаше време, а ниту имаа сили за нешто повеќе.

Симона Стојановска постигна седум гола, на другата страна Теодора Дукоска со девет погодоци беше прв стрелец на мечот.

Финалето во женска конкуренција се игра утре со почеток во 17 часот.

ПретходноМодриќ не „мрда“ од Мадрид и потпишува нов договор
СледноГотово е: „Шпалирот“ за Силекс, БАРАЖОТ за Воска, СРАМОТ за Вардар….