Милинковиќ Савиќ ја скрати радоста на Јуве (ВИДЕО)

251

Тимот на Лацио успеа на гостински терен вечерва да обезбеди реми, 2:2, и тоа во последните секунди од натпреварот преку голот на Сергеј Милинковиќ Савиќ. Србинот погоди во шестата минута од судиското продолжение и ја скрати радоста на домашните.

Претходно Јуве преку Влаховиќ односно Мората поведе уште во првиот дел, а автоголот на Алекс Сандро го врати Лацио во живот. Офанзивата на гостите во последните секунди вроди со плод и Милинковиќ Савиќ успеа да го спаси гостинот од пораз. На овој меч официјално од дресот на Јувентус се прости Џорџо Кјелини кој симболично беше заменет во 18.минута.

Јуве и натаму е четврти со 70. бодови, додека пак Лацио е исто петти но со 63. бода.

ПретходноКлоп: Не сме фаворити во финалето против Реал Мадрид
СледноЊукасл добар против Арсенал (ВИДЕО)