Во последниот дуел од викенд програмата од Премиер лигата предмалку тимот на Њукасл на домашен терен го совлада Арсенал со конечни 2:0. Домаќините имаа повеќе од играта, и заслужено победија, но дојдоа во водство дури во вториот дел преку автоголот на Вајт. Дури во финишот, обезбедена е победата со голот на Гимараеш.
Арсенал со два порази по ред остана петти со 66 бода, односно два помалку од Тотенхем, додека Њукасл уште еднаш покажа дека пролетва игра далеку подобро отколку изминатата полусезона.