Дефанзивец на Феенорд на списокот и на италијанскиот и на аргентинскиот селектор

306

На 1 јуни на „Вембли“ во Лондон ќе се одржи „Финалисима“, мечот помеѓу Италија и Аргентина, европскиот против јужноамериканскиот првак. И покрај тоа што има уште две недели до тој меч, сепак, дуелот меѓу Италија и Аргентина е почнат.

Дуел за 25-годишниот дефанзивец на Феенорд Маркос Сенеси. Тој се најде во плановите и на селекторот на Аргентина, Лионел Скалони и на Италија, Роберто Манчини. Маркос е роден во Аргентина, а има италијанско државјанство поради потеклото, па може да бира за која репрезентација ќе игра.

Сенеси нема настап за ниту една сениорска репрезентација, а има настапи за младите селекции на Аргентина за кои има преку 400 минути со ефект од три гола и три асистенции што е одлично за одбранбен фудбалер.
А Сенеси најверојатно ќе ја одбере Аргентина, убедени се во неговата родна земја.

А освен двата национални тимови, по него трчаат и неколку клубови: Севиља, Рома, Јувентус, Интер, Њукасл… Големи се шансите тој да го напушти „Де Кујп“ во текот на летото. Инаку пред Феенорд тој играше за аргентински Сан Лоренцо.

ПретходноКако деца вака игравме „Ринге, ринге јаја“, а сега тоа е тактика во фудбал (видео)
СледноПогледнете го дресот на Сити за идната сезона!