Репрезентацијата на Полска претрпе сериозен удар на само еден месец пред првиот натпревар на Евро 2020. Имено, денеска стана јасно дека Полјаците на ЕП ќе мора да одат без напаѓачот на Херта, Кшиштов Пјонтек.
Пјонтек има скршеница на скочниот зглоб, потврди и Полскиот фудбалски сојуз.
Поранешниот играч на Милан се здоби со повреда минатата среда во победата на Херта против Шалке во Бундеслигата со 2:1.
„Операцијата е неопходна. Пјонтек ќе има пауза од три или четири месеци”, вели Јацек Јарошевски, лекар во полската репрезентација.